ЈАПОНИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА НА ДИЗЕЛИ: Од 2021 година, само електрични модели во Европа

фото: Профимедиа

Јапонската автомобилска компанија „Хонда Моторс“ објави дека ќе престане да ги продава сите свои дизел возила во Европа до 2021 година во корист на моделите со електричен погон.

„Хонда“ реши да направи ваков потег затоа што сака да ги електрилизира сите свои автомобили на Стариот континент до 2025 година, пренесува „Ројтерс“.

До следната година, според целите на ЕУ за намалување на емисијата на стакленички гасови, производителите на автомобили треба да ги ограничат своите емисии на „СО2“ на 95 грама на километар од сегашниот просек од 120,5 грама.

„Хонда“ е уште една во низата автомобилски компании кои го намалуваат производството на дизел возила во согласност со глобалните строги регулативи на емисии.

Најновиот план е дел од долгорочната цел на компанијата да ги направи електричните автомобили две третини од вкупната глобална продажба до 2030 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот