Јапонците открија дали вакцината ќе биде услов за учество на Олимписките игри
Извршниот директор на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто денеска изјави дека вакцината против коронавирусот нема да биде услов за учество на Игрите наредната година.
Муто по состанокот на работната група на Олимписките игри со јапонската влада и медицинските експерти, објави дека е донесена одлука вакцината против коронавирусот да не биде услов за учество на Игрите кои треба да се одржат наредната година во Токио.
– Тоа не е предуслов за учество на Игрите, Меѓународниот олимписки комитет и Светската здравствена организација веќе разговараат на оваа тема. Вакцината нема да бид услов за одржување на Игрите, нормално ние ќе цениме доколку се развие ефективна вакцина против коронавирусот. Но, доколку барате директен одговор – тогаш вакцинацијата не е услов за учество на Игрите – изјави Муто.
На состаноците кои треба да се одржат во наредните месеци исто така ќе се разговара и за начинот на пристигнување на спортистите во Јапонија, за тестирањата кои ќе вршат, за нивниот престој во олимпиското селе како и за мерките кои ќе бидат преземени за борилиштата да бидат безбедни за спортистите, но и за навивачите .
– Што се однесува до навивачите, се уште нема никакви услови за нив. Но, ние како организатори сакаме да избегнеме забрана за нивно присуство, ова се Олимписки игри и сакаме трибините да бидат исполнети со навивачи – додава Муто.
Олимпоските игри во Токио требаше да се одржат годинава, но поради пандемијата на коронавирусот тие се одложени за идната година и свечената церемонија на отворање на Игрите е закажана за 23. јули, а затворањето ќе биде на 8. абгуст.