Јакимовски конечно ја напушти Италија и се врати во Македонија

фото: мкф

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски конечно успеа да ја напушти Италија и се врати во Македонија.

Кошаркарот на Торино баскет моментно се наоѓа во карантин во Струга, откако последните два месеци беше во Италија кога оваа држава беше најпогодена од коронавирусот.

Не би сакал да се навраќам на тоа. Ми требаше цел ден да се транспортирам од Торино до Венеција. Поради ситуацијата, практично не сообраќаат возовите во Италија, зборувам за оние редовни линии, па мораше да користам алтернативни транспортни решенија. Успеав во тоа. Некако стигнав до аеродромот во Венеција и со хуманитарниот лет на Владата на РСМ, долетав до Охрид.

Поинакво е чувството кога си дома, мислам во Македонија. Тоа ме водеше по патот од Торино кон родната земја. Сите кои бевме во овој авион нè донесоа во Струга, поточно во хотелот ‘Дрим’. Тука ќе бидам во наредните три недели. Од кои причини е овој престој продолжен, навистина не знам. Првично бевме информирани дека карантинот ќе трае 14. дена, но не испадна така – вели Јакимовски за официјалниот сајт на КФСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот