Јаховиќ ја „покори“ Олимпија Љубљана (ВИДЕО)

После фантастичниот настап на Иван Тричковски во дресот на АЕК Ларнака во Софија, денеска во Љубљана блесна и Адис Јаховиќ.

На првиот дуел во Турција заврши 2:2 што го стави во малку понезгодна позиција тимот на Јени Малатијаспор.

Но, на реваншот во Словенија вечерва на стадионот „Стожице“ Јаховиќ ја елиминираше Олимпија со погодок во 77 минута од средбата.

Торе убаво го пронајде нашиот играч, а овој како што знае и умее најдобро во казнетиот простор со глава ја испрати топката во мрежата на Видмар.

Јаховиќ го одигра целиот, во наредното трето квалификациско коло Јени Малатијаспор ќе ги одмери силите против победникот од дуелот Партизан-Номадс. Тимот од Белград има позитива од 1:0 по првиот меч од Велс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот