Лига Европа: Тричко со четири гола го „потопи“ Левски (ВИДЕО)

facebook.com/AEKLARNAKAOFFICIAL/

Тричковски во дресот на кипарскиот клуб на реваншот од второто квалификациско коло на Лига Европа на стадионот во Софија блесна во победата од 0:4.

Сите четири голови беа дело на Тричковски, по два реализирани во првото и второто полувреме против екипата на Левски.

На првиот меч на Кипар, АЕК исто така убедливо славеше против бугарскиот претставник со 3:0, па така со „седумка“ се пласираше во 3. квалификациско коло на ЛЕ каде што Кипраните ќе ги одмерат силите против белгискиот Гент.

На денешниот дуел својата гол серија Тричко ја започна во осмата минута стрелајќи од пенал, па во 29 минута упати еден одличен удар во мрежата на Мијатовиќ.

Во 75 минута се погрижи за 3:0, а конечниот епилог го постави во 82 минута од средбата. Го одигра целиот меч, како и вториот Македонец во екипата на АЕК, дефанзивецот Даниел Мојсов кој исто така си одработи на високо ниво не дозволувајќи ривалот да постигне погодок.

Ова е секако и радосна вест за селекторот Ангеловски кој го немаше напаѓачот на последните јунски евро квалификациски дуели, па ако сè биде како што треба очекуваме враќање на Тричко во националниот тим во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот