Јадете лути пиперчиња, подолго ќе живеете!

профимедиа

Научниците тврдат дека блокирањето на способноста на телото да чувствува болка го продолжува животниот век, а еден од начините да ја „исклучите“ болката е да им се „нафрлите“ на лути пиперчиња.

Лутите пиперчиња го продолжуваат животот. Колку повеќе ги јадете толку поголеми ви се шансите да доживеете длабока старост. Имено, најновата студија покажала дека колку помалку човекот чувствува болка, толку поголеми му се шансите достоинствено да остари. А најдобриот начин да ја елиминирате способноста на телото „да го боли“ е да јадете во текот на денот што поголема количина на лути пиперчиња.

Експериментот кој е вршен врз глувци во текот на ова истражуување покажа дека глувците, кои не чувствувале болка, за дури 14 проценти живееле подолго, а исто така биле и поздрави бидејќи помалку заболувале од рак и имале подобра меморија.

Истовремено, научниците напоменуваат дека лутата храна помага при согорување на калории и забрзување на метаболизмот, вклучувајќи ја и способноста на телото да го обработи шеќерот, што во голема мера може да го намали ризикот од заболување од дијабетес, но и да ви помогне да ослабите.

– Сметаме дека блокирањето на сигналот во мозокот одговорен за чувството на болка би можело само да ја ублажи болката, а може и да го продолжи животниот век, да го унапреди метаболичното здравје и особено да помогне во лекувањето на дебелина и дијабетес, изјави истражувачот Ендру Дилин од Универзитетот во Калифорнија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот