Ја издале камерите: Негувателка од Бугарија злоставувала 82-годишна Гркинка со деменција
Бугарска негувателка е обвинета за напад врз постара жена на грчкиот остров Хиос, за која требало да се грижи, објави „То вима“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Жртвата е 82-годишна жена со деменција на која ѝ била потребна постојана грижа, обезбедена од 67-годишна Бугарка ангажирана од семејството.
Роднините на болната жена забележале влошување на нејзиното здравје, без никакво објаснување или очигледна причина за тоа, поради што поставиле камера за надзор во домот за да следат што се случува во нивно отсуство. Само еден ден откако била инсталирана камерата, на неа се покажало како негувателката ја тепа жената што и била доверена на чување, објави медиумот, повикувајќи се на синот на жртвата.
Веднаш е поднесен полициски извештај, по што следело апсење на осомничената Бугарка, проверка на автентичноста на снимките и закажување на судско-медицински преглед.
Овој случај е втор на островот Хиос за краток временски период, во кој има злоупотреба на лице кое има потреба од специјализирана грижа, потсетуваат локалните медиуми.
Заборавеност или деменција: Како да препознаете за што се работи?
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
40мин
-
46мин
-
51мин
-
51мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


