Извлечени паровите во Купот, поради коронавирусот ќе се игра по еден меч!

Во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени паровите за првите натпревари од Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2020/21, Вардар за ривал го доби Вардар Форино, Пелистер оди кај Љуботен, Работнички го доби Велазерими…

Полуфиналистите од ланското издание Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум ќе ја прескокнат првата рунда.

Денешната полудиригирана жрепка ги даде следните парови:

Кит-Го – Скопје
Победа – Македонија Ѓ.П.
Љуботен – Пелистер
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Вeлазерими – Работнички

Поради пандемијата со Ковид-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23 септември од 15.30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21 октомври, а четвртфиналните пресметки на 25 ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7 април, а мечот за трофејот на 19. мај 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот