Изненадување на стартот, Кербер елиминирана од Ролан Гарос

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Стартот на вториот Гран слем турнир годинава, уште во првиот ден донесе големо изненадување, елиминирана е трикратната Гран слем шампионка, Анџелик Кербер.

Кербер загуби од руската тинејџерка Анастасија Потапова со 6:4,6:2 која ја запиша првата победа над тенисерка која е меѓу најдобрите 10 на ВТА ранг листата. Голем удел во победата на Потапова имаше и Кербер која очигледно не ја залечи повредата на скочниот зглоб поради која претходно го предаде дуелот на Мастерсот во Мадрид, а не учествуваше на турнирот во Рим.

Наредна противничка на Потапова ќе биде победничката од дуелот Ванг – Вондрусова.

Кај мажите, еден од фаворитите, Марин Чилиќ во три сета со 6:3,7:5,6:1 го елиминира Италијанецот Фабијано, а опобеда во три сета оствари и тинејџерот Стефанос Циципас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот