Изненадувачки, Ѓоковиќ не е меѓу кандидатите за наградата „Лауреус“

epa09027210 Novak Djokovic of Serbia in action during his Men's singles finals match against Daniil Medvedev of Russia on Day 14 of the Australian Open Grand Slam tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 21 February 2021. EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Фондацијата „Лауреус“ ги соопшти имињата на кандидатите за престижната награда најдобар спортист на светот за 2020 година.

Изненадувачки номиниран е Рафаел Надал од светот на тенисот, додека првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ не е во изборот. Четирикратниот добитник на овој еден вид спортски Оскар, од непознати причини не е меѓу кандидатите. Ноле беше лауреат во 2012, 2015, 2016 и 2019 година.

Минатата сезона Надал го освои „Ролан Гарос“ и во финалето го победи српскиот ас кој исто така лани освои еден грен слем, „Австралија опен“, а годината ја заврши на првата позиција.

Шпанецот го освои „Лауреус“ за најдобар спортист на годината во 2011 година, додека во 2006 година победи во категоријата „пробив на годината“ и во 2014 година за „враќање на годината“. Рожер Федерер е рекордер со пет титули, четири по ред од 2005 до 2008 година.

Останатите кандидати за најдобар спортист во 2020 година се фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, светскиот рекордер во скок со стап, Адманд Дуплантис и атлетичарот Џошуа Чептегеи.

Во женска конкуренција за најдобра спортистка на годината се борат Ана ван дер Бреген (велосипедизам), Федерика Брињоне (скијање), Бригид Косгеи (атлетика), Наоми Осака (тенис), Венди Ренар (фудбал) и Бријана Стјуарт (кошарка).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот