Пожар /Фото: Илустрација

Изгореа канцеларии на српското обвинителство за организиран криминал, предметот „Натстрешница“ е спасен

Неколку канцеларии на последниот кат од зградата на Специјалниот суд во Белград се речиси целосно уништени во пожарот што избувна во понеделникот на покривот од објектот, објави „Нова“.

Сите оштетени простории ги користи Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈОКК), а „Нова“ објави фотографија на која се гледа што останало од кабинетот на еден од обвинителите што работи на финансиската истрага во случајот „Натстрешница“. Од овој, како и од другите кабинети, вработените за среќа успеале навреме да ги изнесат предметите.

Засега не е познато како дошло до пожарот, а истрагата ја презеде Вишото јавно обвинителство во Белград. Пламенот и чадот првин се појавиле на таванот на кабинетите на последниот кат, а благодарение на брзата реакција на обвинителите, другите вработени и на судската стража, која веднаш притрчала на помош, предметите што се наоѓале во загрозените канцеларии биле навремено изнесени и спасени.

Поднесено е обвинение против поранешниот министер Весиќ и уште 12 луѓе за падот на настрешницата во Нови Сад

Освен предметот „Натстрешница“, меѓу спасените и изнесени предмети е и истрагата во случајот на Милорад Грчиќ, поранешен вршител на должноста директор на ЕПС.

На фотографијата, што „Нова“ ја објавува ексклузивно, се гледа дека штетата е резултат и на пожарот и на интервенцијата на пожарникарските екипи.

Дел од предметната документација, што се наоѓала во овој кабинет, била навреме изнесена и спасена, додека останатите списи биле сместени во канцелариите на други обвинители кои не биле директно погодени од пожарот.

Иако во јавноста се појавија шпекулации дека меѓу уништените предмети се наоѓал и случајот „Генералштаб“, од „Нова“ дознаваат дека обвинителот задолжен за тој предмет нема кабинет на последниот кат каде што избувнал пожарот.

Протекоа детали за аферата „Генералштаб“ во Србија: министерот за култура фалсификувал документи и го газел Уставот за проектот на зетот на Трамп?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот