Избрани 40-те компании кои ќе добијат поддршка за отворање на нова е-продавница

Четириесет домашни компании ќе добијат неповратна финансиска и советодавна помош во рамки на јавниот повик од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Избраните апликанти ќе добијат помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар.

Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесуваше 40.000 долари (2.240.000,00 денари). Истиот ќе биде распределен на 40-те избрани компании, односно 1000 долари по апликант, од кои 50% финансиска помош и 50% консултантска помош од страна на избраните онлајн пазари или ИТ компаниите кои ќе ги изработуваат самостојните e-продавници.

На јавниот повик за само 10 денови беа пријавени повеќе од 200 компании, чии апликации беа оценувани од страна на комисија составена од експерти од областа на е-трговијата.

Прочитајте и...  Википедија со нов дизајн, ќе биде достапна и за помладите

„Е-трговијата има клучна улога во развојот на економијата, особено во непридвлидливи времиња како овие кога компаниите се обидуват да ги одржат своите бизниси. Поддржувајќи ги компаниите да ги дигитализираат деловните активности, им помагаме да  генерираат приходи и да ги задржат своите работници. Тоа ја гради отпорноста на Северна Македонија кон негативните влијанија од КОВИД-19 и придонесува за зајакнување на економската одржливост на земјата“, изјави Ерик Јановски, Претставник на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија

Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се вклучува во напорите за подигнување на свеста и зголемување на понудата за е-трговијата во нашата земја.

„Како два клучни проблеми, кои беа мапирани и потврдени од двете годишни анализи за раст и развој на е-трговијата, се покажаа недоволната едукација и недоволната понуда во областа е-трговија. На едукација работиме веќе трета година и ќе продолжиме да работиме уште повеќе бидејќи тој пат е навистина долг и има уште многу работа. Преку оваа иницијатива дополнително ќе ги мотивираме компаниите да дигитализираат дел од своите услуги и да отворат нов или дополнителен продажен канал – e-продавница, кој ќе им овозможи да ја зголемат својата продажба и дигитално присуство, истовремено зголемувајќи ја понудата во е-трговијата во Северна Македонија“, велат од АЕТМ.

Прочитајте и...  Меѓу 1 и 20 октомври ќе завршиме со одлуките за поставување раководни лица во институциите, вели Заев

Резултатите од јавниот повик со избраните 40 компании кои ќе добијат поддршка се достапни на следниот линк, на веб страната на АЕТМ.

Прочитај повеќе

Бројот на заразени со коронавирус во Франција надмина 500.000

Слободен печат

Дождот ја преполни канализацијата во Мексико: Сите се изненадија што пронајдоа во неа (ВИДЕО)

Слободен печат

Стопанските комори се задоволни од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните

Воен авион се урна во Украина, најмалку 20 лица загинаа (ВИДЕО)

Слободен печат

Српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ почина на 74-годишна возраст

Слободен печат

Кривокапиќ: Политичката судбина на Ѓукановиќ и Марковиќ ќе биде онаква како што заслужуваат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силно невреме во Црна Гора: Обилните врнежи предизвикаа поплави во Котор и Тиват (ВИДЕО)

Слободен печат

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Валентина Т

Сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје вечерва блокиран заради поскапувањето на струјата

Слободен печат

Навални им се заблагодари на руските доктори и пилоти: Ви благодарам, вие сте добри луѓе (ФОТО)

Слободен печат

Лајчак: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е одложен поради пандемијата

Слободен печат

Пожарот во Хуавеј го доби својот епилог: Пронајдени телата на три лица, пожарот „волшебно“ избил во истражувачкиот дел

Слободен печат