Избрана фирмата што ќе го украси Скопје, празничната атмосфера ќе пристигне на 15 декември
Фирмата „Линк медиа плус“ победи и на јавниот оглас за новогодишно украсување на општина Карпош, за што ќе се издвојат еден милион денари, а за речиси 4 милиони денари истата фирма празнично ја накити и општина Центар.
Друштвото за производство, трговија и услуги „Линк медиа плус“ ќе го украси Скопје за Нова година. Како што е објавено на Електронскиот портал за јавни набавки оваа фирма е избрана како најповолен понудувач на јавниот повик што го објави Град Скопје што заврши на 4 декември.
Препорачано
Според јавниот оглас украсувањето треба да започне на 15 декември, а ќе новогодишната атмосфера на плоштадот „Македонија“ ќе се донесе со 13-метарска елка, со ѕвездено небо и големи 3Д светлечки фигури, а ќе бидат украсени и неколку булевари и улици во надлежност на Градот.
Засега не се знае кој ќе настапува на плоштад за дочекот на Новата година, ниту каква програма ќе има во претпразничните денови, но како што изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски украсувањето и програмата ќе чинат околу 70 илјади евра.
Инаку фирмата „Линк медиа плус“ победи и на јавниот оглас за новогодишно украсување на општина Карпош, за што ќе се издвојат еден милион денари, а за речиси 4 милиони денари истата фирма празнично ја накити и општина Центар.
Во Скопје и годинава по старо – ќе се кити во „5 до 12“, а некои општини ни тогаш


