Ивановски со бронза од Кипар и нов државен рекорд – на потег се МОК и Атлетската федерација!

Фото: facebook.com/igor.jakimovski.7

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски по 16 пат во својата кариера руши сениорски рекорд на нашата земја. Во сезоната 2021 дури шестпати руши национален рекорд, а во изминатите 30 дена тоа го направи дури четири пати што доволно зборува за неговата фантастична олимписка година на натпреварување и докажување.

Ивановски на Европскиот куп – Трета лига во Лимасол (Кипар) го собори државниот рекорд на 3.000 метри во чија дисциплина го освои третото место со време 08:06,66 мин. На втората позиција со резултат 07:55,51 мин. се најде Србинот Елзан Бибиќ, а златото го освои Џордан Гусман од Малта (07:53,70 мин.)

Како што вели Игор Јакимовски на својот фејсбук профил, тренерот на Ивановски, сега останува со Македонскиот олимписки комитет и Атлетската федерација на Македонија да одлучат кој ќе ја претставува Македонија на Летните олимписки игри во Токио.

– Доколку се дозволи Дрита Ислами по вторпат да учествува на олимпијада со вајлд кард ние тоа ќе го почитуваме без никаков приговор бидејќи сезонава постигна најубедлив резултат по вредност – 1095 ИААФ бодови. Доколку тоа непишано правило се примени да спортист без норма не може да настапи двапати со вајлд кард на олимпијада, тогаш нема сомнеж дека Дарио е нашиот учесник на следната олимпијада Токио 2021.

Ислами со државен рекорд и прво место на Европското екипно првенство – Трета лига

Зошто Дарио?! Втор и трет резултат по вредност на национално ниво за оваа сезона – 1088 и 1082 ИААФ бодови, европски шампион на мали земји со освоено злато, балкански шампион, златен и сребрен медал на две балканијади, 6 пати рушење на национални рекорди од кои 4 во последните 30 дена, норма за европско првенство во сала и што уште не…

Во секој случај што и да се одлучи ние ќе ја почитуваме одлуката, а верувајте дека нашето најголемо задоволство и мелем за душа и срце е токму Вашата неверојатна поддршка, почит и благодарност кон нас за сè што направивме за Вас и нашата мајка Македонија.

Сите рушења на рекордите на Дарио во неговата кариера:

1. Дисциплина 1000м на отворено.
– Младинско првенство, Национална арена, Скопје, 12.06.2016 год.
Време 02.28.04.

2. Дисциплина 1500м во сала
– Светско првенство во сала, Бирмингам, Англија, 03.03.2018 год.
Време – 03.51.83.
– Медитерански игри под 23 години, Мирамас, Франција 19.01.2019 год
Време – 03.50.90.
– Атлески сојуз на Белград – митинг во сала, Белград, Р.Србија, 16.01.2021 год
Време – 03.45.46.
– Атлетски митинг во сала, Белград, Р.Србија, 31.01.2021 год.
Време – 03.44.98.

3. Дисциплина 3000м во сала.
– Атлетски митинг во сала , Белград, Р.Србија 15.01.2017 год.
Време – 08.28.59.
– Балканско првенство во сала, Истанбул, Р.Турција, 18.02.2018 год.
Време – 08.14.44.
– Балканско првенство во сала, Истанбул, Р.Турција, 16.02.2019 год.
Време – 08.03.65.

4. Дисциплина 3000м на отворено.
– Голема награда на Србија, Нови Сад, 28.08.2017 год.
Време 08.17.92.
– Европско првенство за мали земји,Сан Марино, 05.06.2021 год.
Време 08.09.87.
– Европско првенство 3та лига, Лимасол, Кипар, 20.06.2021 год
Време 08.06.66.

5. Дисциплина 10.000м.
– Сениорски куп на Македонија, 22.05.2021 год.
Време 30.04.66.

6. Дисциплина 10 км на пат.
– Скопје ран 10км, Скопје, 08.10.2017 год.
Време – 30.52.
– Меѓународна улична трка на 10км, Мадрид, Шпанија, 01.01.2020 год.
Време – 30.04.
– Скопје ран 10км, 13.06.2021 год, Скопје.
Време 29.58.

7. Полумаратон
– Белградски маратон, Р.Србија, 21.04.2018 год.
Време – 01.08.03.

ВИДЕО: Македонскиот олимпиец Нуров освои златен медал на турнирот во Италија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот