Ислами со државен рекорд и прво место на Европското екипно првенство – Трета лига

Фото: facebook.com/drita01

Дрита Ислами во саботата во Лимасол (Кипар) на Европското екипно првенство – Трета лига во атлетика го освои првото место на 400 метри со пречки и постави нов македонски рекорд со резултат од 57.53 секунди.

Овој викенд се одржуваат и другите две лиги (Прва и Втора лига), додека Супер лигата се одржа на 29-30 мај. Доколку го споредиме резултатот со останатите од истата дисциплина Дрита ќе се најде на високата 13 позиција.

Исто така резултатот на нашата атлетичарка е веќе ажуриран и во ранг листата на Европската атлетска асоцијација, во дисциплината 400 м. со пречки се наоѓа на 107 место и е најдобро рангирана атлетичар-ка од Македонија.

Според оваа ранг листа само три атлетичарки од Балканот имаат подобро време од Дрита, Димитра од Грција (57.06), Агата од Словенија (57.38) и Санда од Романија (57.48).

Можеме да очекуваме доколку Ислами ја задржи одличната форма, следниот викенд на Балканското првенство за сениори-ки во Белград (Србија) Дрита да се бори за медал.

Исто така со овој резултат Дрита ја исполни и нормата (57.95 секунди) за учество на Европско првенство кое следната година ќе се одржи во Минхен (Германија).

Американски атлетичар собори светски рекорд стар 31 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот