Итна конференција на ИОК, висат Олимписките игри во Токио

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Пандемијата на коронавирусот се заканува да го суспендира и најголемиот спортски настан годинава, Олимписките игри во Токио.

На помалку од пет месеци пред стартот на Игрите, претаедателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах, закажа за вторник итна видео конференција со сите земји членки на ИОК, пренесува Франс прес.

Според друга новинска агениција, АФП, Бах се очекува претствниците на сите олимписки комитети да ги информира со мометната ситуација со пандемијата на коронавирусот, а се шпекулира дека ќе се разговара и за евентуално одложување на Олимписките игри.

Оваа информација е во спротивност на тоа што вчера го изјави премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, дека Игрите во Токио ќе се одржат според планираното, иако секојдневно се откажуваат или суспендираат спортски настани и натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот