Италијанската легенда Тоти: Не можев да дишам, не сакаше да помине треската!

Фото: twitter.com/Angelpajuelo6

Еден од најдобрите во историјата на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти конечно се опорави и е негативен на коронавирусот.

Вирусот корона безмилосно го погоди семејството Тоти. Прво, таткото на Франческо Тоти почина од ковид-19, а потоа се зарази легендарниот капитен на Рома.

После него позитивна на вирусот беше и неговата сопруга Илари Бласи, но сега оздравија и двајцата излегоа од самоизолација.

– Како што слушавте во претходните недели, не се чувствував добро. Сега се опоравив и можам да кажам дека почувствував олеснување, затоа што борбата со ковид не беше обична кашлица. Треската не сакаше да помине, не можев да дишам, немав сила – рече Тоти.

Тој им се заблагодари на сите што беа со него во овој тежок период.

– Дијагнозата силно ме погоди: Билатерална пневмонија од сарс ковид 2 вирусот! Но, сè уште бев во можност да се лекувам од дома долги 15 дена и сега кога е готово, сакам да им се заблагодарам на најблиските до мене – додаде Тоти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот