Истражување тврди: Овој чај го намалува салото на стомакот

Фото: Инстаграм

Се подразбира дека не постои напивка која магично ќе ве натера да ослабете преку ноќ. Меѓутоа, чајот од нане може да биде многу корисен ако се обидувате да се ослободите од салото од стомакот.

Нутриционистката Кортни Д’Анџело рекла за списанието „Eat This, Not That“ дека чајот од нане е еден од најдобрите пијалаци за слабеење.

„Нема калории. Има сладок вкус и ќе можете да го намалите апетитот и желбата за слатки. Освен тоа, нането има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства. Исто така, ги решава дигестивните проблеми“, вели таа.

Истражувањето објавено во „Journal of Clinical Gastroenterology“ покажало дека учесниците кои консумирале нане можеле да го ублажат синдромот на нервозно црево. На овој начин ја намалиле и надуеноста на стомакот. Нането ги ублажува грчевите на мазните мускули, кои можат да бидат предизвикани од менструацијата.

Овој чај не содржи кофеин, а позитивно влијае и на менталниот капацитет. Истражувањето на Универзитетот Нортамбрија покажа дека нането го подобрува расположението и меморијата.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот