Истражување: Секој четврти млад човек роден помеѓу 1995 и 2012 година сака да биде инфлуенсер

генерација З
Фото: Pexels

Истражувањето спроведено од агенцијата за дигитален маркетинг „Higher Visibility“ покажа дека сѐ повеќе млади луѓе кои припаѓаат на „ генерацијата З“, родени помеѓу 1995 и 2012 година, сакаат да бидат инфлуенсери.

Истражувањето беше спроведено минатиот месец, преку анкета на илјада млади Американци на возраст од 16 до 25 години. Уделот на млади луѓе кои сакаат да бидат влијателни личност се движи од 33 отсто на Средниот запад, до 41 отсто во западниот дел на земјата.

„Можеби уште поизненадувачки е фактот што повеќе момчиња од генерацијата З (20%) отколку девојчиња (13%) веруваат дека работата на инфлуенсер е нивниот единствен избор за кариера. Речиси половина од машките испитаници се согласиле дека да се биде влијателен на социјалните мрежи е добар избор за кариера“, се вели во извештајот на агенцијата.

генерација З
Генерација З / Фото: Pexels / Rodnae Productions

Бесплатни производи, плаќање и средба со други инфлуенсери

„Над 38% од испитаниците се согласиле дека на пазарот му требаат повеќе инфлуенсери на социјалните мрежи, додека 34% од нив мислат дека знаат како да станат успешни во тој бизнис“, додаваат тие.

генерација З
Фото: Pexels / Polina Tankilevitch

Секој петти припадник на генерацијата З, би ја напуштил работата за да стане инфлуенсер, додека 12% од нив би го напуштиле факултетот поради тоа.

„Не е тајна дека работата на инфлуенсер доаѓа со многу придобивки. Ја прашавме генерацијата З кои се најголемите придобивки од оваа работа. Тие ги истакнаа бесплатните производи на прво место, додека заработката ја ставија на второ место. На трето место е можноста да се запознаат со други инфлуенсери“, соопштуваат од агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот