Истражување: Разладете се на летните горештини со топол чај

чај пијалак разладување летни горештини
ФОТО: Unspalsh

Оваа недела температурите ќе достигнат до 40 степени Целзиусови. Иако сте во искушение да посегнете по ладен пијалак за да ве разлади, топлите пијалаци како чаеви и кафиња навистина можат да бидат поефикасни, пренесува „Mirror“.

Еднo истражување спроведено од страна на научници од „Универзитетот во Отава“, го испитало влијанието на пиење топли напитоци врз температурата на телото. Резултатите откриле дека топол напиток може да ве разлади, но само во суви услови.

„Кога пиете топол пијалак, помала количина на топлина се складира во вашето тело, под услов дополнителната пот што се произведува кога ќе го пиете топлиот пијалак да може да испари“, објаснил д-р Оли Џеј, еден од авторите на истражувањето.

чај

Во суштина, кога внесувате топол пијалак, почнувате повеќе да се потите. Ако потта е во состојба да испари, таа всушност ве лади, надоместувајќи за додадената топлина на телото од течноста.

Иако потењето може да биде непријатно, тоа е суштинска телесна функција што ни помога да се оладиме. Бидејќи потта испарува од површината на вашата кожа, го отстранува вишокот топлина со претворање на водата од течност во пареа.

Сепак, во влажни услови, овој ефект на ладење е помалку ефикасен, така што пиењето топли пијалаци нема да ве разлади.

„На многу жежок и влажен ден, ако носите многу облека или ако имате толку многу пот, што почнува да капе на земја и не испарува од површината на кожата, тогаш пиењето топол пијалак е лоша идеја“, продолжил докторот.

„Топлиот пијалак сепак додава малку топлина на телото, па ако потта не може да испарува изберете ладен пијалак“. Лекција е дека во топли и суви услови, пиењето топли пијалаци ќе ве разлади, но ако сте на влажна локација, најдобро е да се држите до ладни пијалаци.

летни горештини разладување ладен пијалок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот