Истражување: Кои земји се најотпорни на економска криза?

Глобалната економија е помалку отпорна на глобалната финансиска криза, отколку во 2007 година, според неодамна изработениот Индекс на макроекономска еластичност.

Индексот на макроекономска еластичност, заеднички е развиен од швајцарскиот институт „Свис Ре“ и Лондонската школа за економија, забележува дека, меѓу анализираните земји и региони, кои што претставуваат околу три четвртини од светскиот БДП, Швајцарија, Канада и САД имаат најголема економска еластичност, додека најголем пад на еластичноста забележа Еврозоната.

Анализата покажува дека 80 проценти од државите во 2018 година биле поранливи на криза, отколку во 2007 година, при што главните причини се осиромашувањето на изборниот инструмент за монетарна политика во многу развиени земји, а предизвиците со кои се соочува банкарскиот сектор и покрај финансиските институции се посилни од денес, отколку што беа на почетокот на кризата.

Во однос на Еврозоната, најголем пад на еластичност е забележан од земјите на периферијата на блокот, како што се Италија и Грција, заради слабата фискална позиција, исцрпените механизми за монетарна политика, уште послабиот банкарски систем, неефикасноста на пазарот на труд и лошитот развој на финансискиот пазар.

Азија и Океанија имаа прилично стабилни резултати од економска еластичност помеѓу 2007 и 2018 година, а нивото на еластичност во Кина, Јапонија и Австралија малку се подобри.

Во исто време, отпорноста на Индија генерално се намали како резултат на послабите перформанси на финансискиот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот