Истражна постапка против прилепчанец кој усмрти велосипедистка: Возел над дозволеното и избегал од местото на несреќата

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Поради предизвикување сообраќајна несреќа и неукажување помош на повредено лице, Осовното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник од селото Славеј. Во врска со сообраќајна несреќа која се случи на 9 јуни на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, против осомничениот се водеше постапка за предизвикување сообраќајна несреќа од полесен квалификаторен облик и по предлог на обвинителството му беше определена мерка куќен притвор во траење од 8 дена. Но, во текот на предистражната постапка се прибавија докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој сторил потешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, па надлежниот јавен обвинител отвори истрага и достави предлог да му биде определена мерка притвор.

На критичниот ден, тој управувал со патничко возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, иако не ја поседувал потребната здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило – без очно помагало поради намалена видна функција за 50 проценти (бинокуларно гледање). Спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движел со брзина од 74,2 км/ч на место каде максимално дозволена брзина на движење изнесува 50 км/ч. Возилото не го држел што поблиску до десниот раб на коловозот, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето – се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Кога пристигнал наспроти фабриката „Металец“ во Прилеп со тркалата од десната страна на возилото излегол надвор од површината од десниот раб на коловозот, па со предниот десен дел од возилото удрил во задното тркало од велосипед марка „Ендуро“ управуван од сега почината велосипедистка.

Во моментот на ударот таа стоела со велосипедот на земјеното проширување покрај десниот раб од коловозот, а како последица од ударот била отфрлена на тревната површина од десната страна од коловозот. При ударот оштетената добила тешки телесни повреди кои резултирале со смртна последица, а возачот на автомобилот ја оставил без помош и веднаш го напуштил местото на несреќата.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена – додаваат од ЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот