Истрага во Брисел: Запечатени канцелариите на двајца помошници на европратениците
Надлежен истражител побарал запечатување на просториите на Европскиот парламент во Брисел, поточно на канцелариите доделени на двајца парламентарни асистенти вклучени во истрагата, откри денеска белгискиот весник „Ле Соар“, во врска со поткупот од лобисти во кинеската компанија Хуавеј на членови на Европскиот парламент, со цел да ја промовираат кинеската трговска политика во Европа.
Препорачано
Според последните информации на белгиското федерално обвинителство, претседателот на Европскиот парламент е информиран за ситуацијата, истрагата продолжува, додека во Франција е уапсен дополнителен осомничен по распишана европска потерница против него.
„Немам коментар за истрагата“, одговори портпаролот на Европската комисија Томас Рение, на прашањето за апсењата.
Тој се осврна и на кинеската компанија која наводно нудела мито.
„Да ве потсетам дека безбедноста на 5Г мрежите очигледно е од витално значење за нашата економија. Ова е причината зошто, во нашата комуникација од 2023 година, Комисијата оцени дека Хуавеј претставува значително повисок ризик од другите понудувачи на 5Г. И затоа Комисијата смета дека земјите членки би можеле да донесат одлуки кои го ограничуваат или исклучуваат Хуавеј од нивните 5G мрежи“, рече Рение.


