Истрага поради местенки, дури 21 тенисер се наоѓаат пред доживотна суспензија

Николоз Басилашвили/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Меѓународната тениска агенција (ИТИА) започна истрага поради местенки на тениските мечеви и моментно 21 тенисер е сомнителен, пренесува рускиот „Го тенис“.

Станува збор за сомнителни мечеви кои биле одиграни во 2016 година и на кои ИТИА веќе подолго време работи.

Најзвучно име меѓу тенисерите кои се соочуваат со суспензија е тоа на Грузиецот Николоз Басилашвили. Доколку се докаже дека учествувал во местенки, Басилашвили ќе добие доживотна суспензија, исто како и останатите 20 тенисери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот