Фото: EPA/ANNA SZILAGYI

Историски хет-трик на Швајцарецот: Фон Алмен го освои и третото злато на Зимските олимписки игри

Откако ги освои златните медали во спуст и тимска комбинација, Фрањо фон Алмен од Швајцарија се искачи на врвот на подиумот во супер-велеслалом на Зимските олимписки игри во Милано и Кортиа, Италија.

Тој ја заврши трката за 1:25.32, и за 13 стотинки го престигна во тој момент водечкиот Американец Рајан Кохрејн. Фон Алмен со тоа стана третиот скијач во историјата кој освоил три златни медали на исти Олимписки игри.

Пред него, овој подвиг го постигнаа Австриецот Тони Зајлер (1956 во Кортина) и Французинот Жан-Клод Кили (1968 во Гренобл).

Марко Одермат заврши на третото место. Швајцарскиот скијач беше 28 стотинки зад победникот. Ова е неговиот втор медал на Игрите, но тој сè уште нема злато. Единствениот олимписки медал што го освои досега во кариерата дојде од Пекинг пред четири години во велеслалом.

Следниот настан во алпско скијање за мажи е велеслаломската трка закажана за в сабота, на 14 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот