Историја во Формула 1: Заборавете на квалификациите, утре во Силверстоун дебитира спринтот

EPA-EFE/ANDY RAIN

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои историската пол позиција за првата „спринт трка“ која утре ќе се вози на патеката „Силверстоун“. „Спринт трката“ е долга 100 километри (17 кругови) и ќе го даде распоредот по кој во неделната трка ќе стартуваат возачите на сите екипи во Формула 1 шампионатот.

Спринт трката“ ќе претставува нова верзија на квалификации која ќе го замени актуелниот формат од три сесии во кој најбрзо извозениот круг ја одредува стартната позиција на трката. Поради „Спринтот“, класичните квалификации беа поместени во петок за да се привлече што поголем број на ТВ публика.

Шефовите на Ф1 се надеваат дека со новата промена на начинот на квалификации ќе ја привлечат младата публика. Идејата е со кратки но возбудливи и интересни трки да се привлече нова група на навивачи.

Традиционалните квалификации исто така ќе претрпат промени, наместо три, сега ќе има две сесии кои ќе траат по еден час и ќе се одржуваат во петоците. На нив ќе се одредува само редоследот по кој ќе се вози „спринт трката“ преку која ќе се одредат стартните позиции за неделната главна трка.

Предвидено е на „спринт трката“ да се возат 100 километри, нема да има застанување во боксот, а тројцата најбрзи освен што ќе ги имаат најдобрите стартни позиции на главната трка, ќе добијат и бодови во трката за титулата.

Најбрз на денешните квалификации беше шампионот Луис Хамилтон,  на второто место се најде Макс Ферстапен, додека трет беше Валтери Ботас. На првите десет стартни позиции на утрешната „спринт трка“ се пласираа Шарл Леклер, Серхио Перес, Ландо Норис, Даниел Рикиардо, Џорџ Расел, Карлос Саинс јуниор и Себастијан Фетел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот