Исповед на Холи Медисон, поранешна зајачица на „Плејбој“: Му бевме бели робинки на Хју Хефнер

Profimedia
Profimedia

Седум години му беше љубовница на Хефнер (90) и живееше во неговата вила со уште седум други зајачици на „Плејбој“, а потоа во 2008 година избега. Деновиве ја раскажа вистината за животот во ѕидовите на вилата позната по развратните забави.

Холи Медисон (41) стана позната на јавноста кога се појави во реалното шоу „Девојка од соседството“ како една од девојките на Хју Хефнер, сопственик и основач на „Плејбој“.

Profimedia
Хју Хефнер и Холи / Profimedia

Холи сега снима серија базирана на нејзините мемоари во кои има многу интригантни работи. Во книгата „Долу во зајачката дупка“, пишувала за животот со Хефнер во периодот од 2001 до 2008 година. Холи пишувала во мемоарите за бизарните сексуални желби на сопственикот на империјата „Плејбој“ и дрогираните оргии во кои беа принудени да учествуваат зајачиците за да можат бесплатно да живеат во луксузната вила.

Полициски час и контрола

Profimedia
Profimedia

Кога имала 20 години, Холи отишла во Лос Анџелес да се пробие во актерскиот свет, а еднаш била поканета на забава во луксузната вила. Потоа, редовно одела таму. Сакала да биде една од „Плејбој“ – зајачиците. Холи по првата вечер забележала дека сексот е услов за живеење таму. Хефнер при едно излегување ѝ понудил „специјални таблети за жени“, но таа одбила. Кога се вратиле во вилата, ѝ рекле да оди во спалната соба на Хефнер, каде имале секс.

Profimedia
Profimedia

Кога имале бесплатни вечери, полицискиот час почнувал во 21 часот. Во тоа време, Холи сакала да ја задржи својата првобитна работа во американски синџир ресторани. Сакала да има контакт со надворешниот свет, а ѝ биле потребни пари, бидејќи Хефнер им даваше само за облека и козметика. Хефнер ја критикувал нејзината кратка коса и не смеала да носи црвен кармин.

Profimedia
Profimedia

– Хефнер знаеше само четири факти за нас – име, возраст, приближно од каде потекнуваме и што е најважно – како се однесуваме и дали ги следиме неговите строги правила – тврди Холи. Таа вели дека Хефнер спровел строг режим и дека животот во вилата на „Плејбој“ не изгледал ни од далеку како во филмот „Девојката од соседството“, во кој сè е опишано како да е од бајка.

Profimedia
Profimedia

– Девојките кои живееја во вилата, всушност, му беа бели робинки на Хефнер. Се „давевме“ во алкохол за да заборавиме на реалноста, а кога избегав од тој златен кафез, имиџот на зајачица на „Плејбој“ ме следеше со години – вели Холи, која од очај помислувала на самоубиство.

Хефнер не ѝ дозволил да посети психијатар, па Холи почнала да зема антидепресиви. Се откажала од својата работа во ресторанот, но реалните шоуа ѝ помогнале во депресијата. Патувала многу, па заработила од нив.

Profimedia
Profimedia

Кога конечно ги напуштила Хефнер и вилата, била заменета со зајачицата Кристал Харис, со која Хефнер се ожени во 2012 година, а беа во брак сè до неговата смрт во 2017 година.

Кристал честопати ја критикуваше Холи во јавноста и се осудуваше дека измислила сè што напишала во своите мемоари, само затоа што Хефнер не се оженил со неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот