ВИДЕО | Искрена исповед за поранешниот: Тејлор Свифт со нов спот – посветен на Џејк Гиленхал?

тејлор свифт
Фото: Принтскрин / Instagram

Надвор од границите на нормалната човечка свест се наоѓа царството управувано од добронамерна русокоса чии песни се свети текстови – во кои утеха и поистоветување може да најде секој кој бил разочаран од љубовта, но продолжил да го пронаоѓа својот квалитет.

Во рефрените кои ќе ги обземат социјалните мрежи ќе откриете нов јазик на знаци и симболи и многу пораки кои чекаат да бидат декодирани. Боите на лакови за нокти имаат тајни значења. Костимите за Ноќта на вештерките се предвесник. Изгубените шалови се митологизирани како изгубени ковчези.

Ова е нова ера на музичкиот свет во кој ја имаме Тејлор Свифт. Новото преснимување на албумот „Red“ (во верзија на Тејлор) навистина се обидува да постои во една друга димензија…

Тејлор Свифт овој викенд ни приреди пријатно изненадување со новиот 12-минутен филм прекриен со музиката од нејзината песна „All Too Well“, испеана во издание на самата Тејлор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Тоа е филм кој ја раскажува тешкотијата на разделувањето на врска која инстантно станала блиска, но завршила со длабоко еднострано разочарување… низ фантастична нарација и тек на зборови кој е долг, нерепетитивен, и необичен за една хит песна.

И со бројни шпекулации околу реиздавањето на оваа песна, се претпоставува дека „All Too Well“ музички ја издава краткотрајната романса која Тејлор ја имаше со сега познатиот актер Џејк Гиленхал, а драмски го презентира надминувањето на ситуациите кои нè повредуваат низ животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Silk Sneaker (@silksneaker)

Девет години по неговото оригинално издавање, вториот од шесте албуми што Свифт ги преработува од сам почеток за да се обиде да ја врати финансиската и правната контрола на нејзиниот музички опус е создаден верувајќи дека нејзините вистински обожаватели ќе потрошат и време, и финансии, за да чујат лесно преработени песни, но и со грст современи необјавени песни за добра целост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Ќе биде ова необичен маневр кој ќе го изведе Свифт, со значајна ретроспектива, и тоа ќе нè одведе низ тајната историја на оваа девојка. Но, доволно интересно, тоа ќе биде обид за интерно патешествие на кое ќе се обиде да нè прати, навраќајки нè низ личните искуства. А со тоа, ќе создаде совршен омаж на сите кои искрено биле разочарани од љубовта.

Првично објавен во 2012 година, албумот „Red“ беше јасна врска помеѓу она каде започна кариерата на Свифт и кон што продолжи да се движи. А сега, со новото преработено издание, додека ни разоткрива низа моменти од минатото, така и да нè води низ сегашноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот