Искористете ја сезоната на јагоди: Рецепт за мини галети совршени за во лето

галети
Фото: Unsplash / Bruna Branco / Didi Miam

Сезоната на јагоди е во полн ек. Па навистина би било штета да пропуштите да ги скокотнете вашите сетила со совршенство во форма на мини галети со јагоди и ванила. Со оглед на тоа што сигурно немате енергија или волја да правите кори за пити или да замесите тесто за колачи после напорниот работен ден, вашиот адут во ракавот за ова слатко задоволство ќе биде лиснатото тесто. Едноставно, вкусно и многу шик – создадено за доцните летни вечери.

галети
Фото: Unsplash / Didi Miam

Потребни состојки (за 8 порции):

– 8 чаши јагоди, исецкани
– ¼ шолји шеќер
– 1 лажица пченкарно брашно
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 2 листови лиснато тесто
– 1 јајце, изматено
– кафеав шеќер, за посипување
– шлаг
– сечкани ф’стаци или сладолед за декорација

галети
Фото: Unsplash / Didi Miam

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете две тави за печење со хартија за печење. Во поголем сад измешајте ги јагодите, шеќерот, пченкарното брашно и екстрактот од ванила, па оставете ги на страна. Потоа листовите лиснато тесто ставете ги на работна површина малку посипана со брашно. Исечете гo секој на 4 еднакви правоаголници. Потоа на плех ставете по 4 правоаголници. Со лажица се става околу половина шолја фил од јагоди и се става во средината на секој правоаголник од лиснатото тесто. Рабовите малку свиткајте ги навнатре, обиколувајќи ги во круг, така што секое пециво да стане мини галета. Рабовите премачкајте ги со јајце и обилно посипете со кафеав шеќер. Печете во рерна додека рабовите не поруменат, околу 25 минути. Целосно се лади пред сервирање, па се украсува со сладолед, шлаг и сечкани ф`стаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот