Исчезна глумицата Наја Ривера: 4-годишниот син бил сам на бродот, се претпоставува дека се удавила

Instagram

Глумицата Наја Ривера (33), позната по серијата „Glee“, во средата попладне исчезнала на езерото Пир во Јужна Калифорнија, пишува Дејли мејл. Полицијата започнала потрага по глумицата, откако го пронашле нејзиниот 4-годишен син Хозе Холис Дорси сам на бродот.

Instagram

Момчето и кажало на полицијата дека мајка му скокнала и веќе не се вратила. Официјалните власти претпоставуваат дека Наја се удавила, но сè уште ништо не е докажано. По глумицата трагаат нуркачи, хеликоптер и дронови.

Глумицата изнајмила брод за да се вози по езерото, а откако полицијата го пронашла, нејзиниот син бил вратен на семејството за да биде на сигурно.

Instagram

Во средата Наја објавила фотографија со синчето на социјалните мрежи.

„Само ние двајца“, напишала покрај фотографијата.

View this post on Instagram

just the two of us

A post shared by Naya Rivera (@nayarivera) on

Пред две години Наја се разведе од Рајан Дорси и оттогаш нејзиниот син живеел со неа.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот