Ирски „Рајанер“ обновува дел од закажаните летови

Според планот, од 1 јули Рајанер ќе треба да реализира 1.000 летови дневно од своите 80 бази низ Европа.

Доколку европските власти ги отстранат ограничувањата за летови во рамки на Унијата ирската нискобуџетна авио компанија најави дека од 1 јули ќе продолжи со 40 проценти од закажаните летови.

Авио – компанијата преку соопштение наведува дека патниците ќе мора да го почитуваат договорениот здравствен протокол, да носат маски, да поминат на тестот за покачена температура на телото и да побараат од екипажот дозвола за користење тоалет.

Според планот, од 1 јули Рајанер ќе треба да реализира 1.000 летови дневно од своите 80 бази низ Европа.

На овој начин компанијата ќе покрие 90 отсто од дестинациите до кои леташе пред коронакризата, но со намалена фреквенција на дневни и неделни летови.

Како дел од мерките за борба против Ковид-19, „Рајанар” ќе бара од сите патници да пополнат формулар во кој се детализирани должината на нивната планирана посета и каде ќе престојуваат, а информациите ќе ги доставува до владите на ЕУ за да проверат дали патниците ги исполнуваат 14-дневните мерки за изолација при влегувањето во земјите на Унијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот