Инспектори за измами: Кога економијата опаѓа, злоупотребата расте

хакерски напад
Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Кризата предизвикана од пандемијата ковид-19, а потоа и војната во Украина, доведоа до слабеење на финансиската контрола во државите и следствено – повеќекратно зголемување на ризикот од извршување измами и злоупотреба, изјави Маја Матиќ, претседателка на Здружението на Сертифицирани истражувачи за измами на Србија (AЦФЕ Србија), за порталот Н1.

Ризиците од професионална измама, вели таа, растат при ненадејни економски падови, кога се присутни три фактори: финансиски притисок, можности и рационализација. А за тоа придонесуваат и масовните отпуштања во време на криза, што влијае на намалување на внатрешните контроли и ревизии во компаниите.

Со цел да се ублажи економската рецесија предизвикана од пандемијата, државите се обидуваат да им обезбедат на граѓаните, претприемачите и компаниите пакети економски стимулации.

„Претходните искуства со пакетите економски мерки, особено оние кои следеа по глобалната финансиска криза во 2008 година, покажуваат дека економските стимулации што ги даваат државите носат висок ризик од корупција и дека ризиците од измама се пропорционални на опсегот и висината на мерките земени. Бидејќи овие трошоци не беа претходно планирани, државите ги олеснија правилата за трошење пари и веднаш вбризгуваа финансиски стимулации во економијата“, потсетува Матиќ.

А, заедно со олеснувањето на процедурите со кои се даваат стимулации и со намалувањето на редовните контроли, дополнително се зголемуваат ризиците кои не само што носат ризик од злоупотреби, туку можат да ја загрозат и ефективноста на програмата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот