-2 C
Скопје

ИНФОГРАФИК | Сите анти-ковид вакцини што се влезени во „финале“ на едно место: Од што се направени, колку ќе чинат и нивната ефикасност

Најголемата надеж во време кога секојдневно се губат човечки животи и кога здравствените системи се фрлени на колена, секако е вакцината која треба да стави крај на пандемијата на ковид-19.

Потенцијалните дози на различни производители моментно се наоѓаат во трета фаза на клинички испитувања, дел од нив се влезени и во „финале“ пред конечните производи ќе тргнат во мисија за спасување на светот.

И додека бројот на инфицирани лица се зголемува од ден во ден, прашањето што секојдневно го поставуваат и граѓаните и здравствените власти и националните влади, па и Светската здравствена организација (СЗО) е дали ќе се успее во израмнување на т.н. крива и како да се истурка зимата. Светло на крајот на тунелот, сепак, постои во имунизација на човештвото со помош на вакцина.

НАПОМЕНА: Податоците за ефикасноста произлегуваат од третата фаза на испитувањето на вакцините и се уште ги немаат поминато стручните рецензии

Научниците ширум светот во изминатиот период покажаа дека се подготвени да влезат во костец со тотално нов вирус, па оттука и импресивноста за така краток период што се наѕираат четири кандидати кои ветуваат отпор на коронавирусот со истребување. Четирите вакцини кои најверојатно и први ќе се појават на пазарот се потпишани од Оксфорд/„АстраЗенека“, од „Модерна“, од „Фајзер“/„Бајонтек“ и на руската компанија „Гамалеја“ („Спутник V“).

Прочитајте и...  Се намалува бројот на жени со тешка форма на рак на грло

Вакцината што ја разви Универзитетот Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“ е со ефикасност од 62 до 90 отсто кај лица со развиени ковид симптоми, покажа едно од големите испитувања за неа. За нејзина предност се смета што ќе биде евтина (три до четири долари) и полесна за транспорт и за чување во однос на конкурентските. Направена е од аденовирус што ги напаѓа шимпанзата.

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Тоа е безопасен, ослабен аденовирус кој вообичаено предизвикува настинка кај шимпанзата. Но, генетски е модифициран, па така е невозможно да се развие кај луѓето. производителите, за време на испитувањата на вакцинатам, се соочија со проблеми, дури имаше и еден смртен случај, но лицето кое почина никогаш не прими доза од вакцината, туку само плацебо.

Американската компанија „Модерна“ објави дека нејзината вакцина против ковид-19 покажува 95 отсто на ефикасност и ќе чини околу 30-ина долари. Станува збор за РНК вакцина што значи дека генетски код на коронавирусот се вбризгува во телото. Потоа телото почнува со производство на вирусни протеини, но не и цел вирус, што е доволно за оспособување на имунолошкиот систем за напад.

Прочитајте и...  Мадрид прекина со вакцинација, нема доволно вакцини
Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Волонтерите на кои „Модерна“ ги правеше тестирањата рекоа дека почувствувале симптоми слични на грип, како и оток на местото на убодот, но и дека несаканите ефекти брзо исчезнале.

Компаниите „Фајзер“ и „Бајонтек“ објавија дека со здружени сили развиле вакцина против коронавирус, со ефикасност од 90 отсто и без сериозни несакани ефекти. Па, доколку се биде во ред, тогаш првите дози би можеле да бидат дадени до крај на годината по цена од околу 18 долари по доза. И во изработката на оваа вакцина се користеше целосно експериментален пристап што вклучува инјектирање на дел од генетскиот код на вирусот или РНК за засилување на имунолошкиот систем.

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Научникот Угур Сахин, кој стои зад вакцината на „Фајзер“, изрази уверување дека нормалниот живот ќе се врати до наредната зима.

Прочитајте и...  Матарела ќе почне консултации за формирање нова италијанска влада

Од руското Министерство за здравство, пак, е соопштено дека вакцината „Спутник V“ на компанијата „Гамалеја“ нуди ефикасност над 90 отсто. Нивната вакцина е векторна и, исто така, користи аденовирус кој е способен само да влезе во ќелијата, меѓутоа со себе носи генетички апарат на белковина што е присутна и во ковид-19 и кога тој генерички апарат ќе се активира, покрај него се создаваат антитела. Во странство ќе се продава за околу 10 долари по доза, додека за руските граѓани ќе биде бесплатна.

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

За ниту една од посочените вакцини сè уште не е познато колку долго ќе трае имунитетот што го генерира. Научниците од Оксфорд смеаат дека би можело да се однесува и на период од една година, меѓутоа за прецизни податоци ќе бидат потребни уште неколку месеци на испитуваења, па дури и година.

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Како успеа Израел да обезбеди повеќе вакцини отколку што е потребно?

И.И.

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар