Руското министерство за здравство потврди: Вакцината „Спутник V“ е исклучително ефикасна
Клинички испитувања на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ покажуваат дека ефикасноста на вакцината е висока, изјави директорот на одделот за третман на деца и акушерство на Министерството за здравство на Русија, Елена Бајбарина.
– Третата фаза, која во моментов е во тек, покажува дека ефикасноста на вакцината е многу, многу висока, исклучително висока – нагласи таа.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин објави дека обете регистрирани руски вакцини против ковид-19, „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“ се безбедни и ефикасни.
Рускиот претседател додаде дека Русија се здобила со завидно научно и клиничко искуство во борбата против смртоносниот коронавирус и е подготвена да ги сподели со партнерите во оваа организација.
Вакцината „Спутник V“, произведена од Научно истражувачкиот институт „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.