Не е точно дека директорката на Токсикологија оди на работа по 4 часа дневно и дека се паркира на влез од Клиниката, рече министерот за здравство

Бесија Иљази / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерот за здравство доктор Илир Демири, проверил и утврдил дека не е точно дека економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази одела на работа само по 4 часа дневно како што ја обвиниле нејзините колеги.

– Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влез на Клиниката, изјави доктор Демири на прашање на „Слободен печат“.

Тој рече дека не е законски што не е осигурана Клиниката каде раководи Иљази. Потсетен дека економските директори ги поставува министерот за здравство, Демири рече тоа е точно, но дека не може да има увид во сите документи.

За поплавата која денеска се случи на Клиниката за токсикологија откако пукна цевка од парно и поплави три ката од зградата, лекарски соби, и соба со документи според министерот, штетата е веќе санирана и ја платила Службата за заеднички работи при Клиниката. Оваа служба според претходникот на Демири, е рекордер во долгови на Клинички центар.

За Демири не е во ред што 18 лица на кои им истекле договорите за дело 4 месеци оделе на работа во предизборието а не добиле плата.

– Една голема неправда е направена на Токсикологија, а тоа е не обезбедување на согласност за договори за 18 вработени, сестри, болничари, техничари кои му служат на здравствениот систем без економски надомест 4 месеци. Тие се дел од здравствениот систем, рече министерот за здравство.

Пукнато парно ја поплави Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот