Угур Шахин, креатор на вакцината на „Фајзер“ и „БајоНТех“ со тврдење: Животот ќе се врати во нормала на крајот на 2021 година

Фото: youtube/printscreen

Животот може да се врати во нормала до наредната зима, изјави денеска Угур Шахин, креатор на вакцината против коронавирус на компаниите „Фајзер“ и „БајоНТех“

Професорот Шахин, еден од основачите и извршен директор на компанијата „БјајоНТех“, рече дека вакцината може да го преполови пренесувањето на вирусот, што ќе резултира со „драматично намалување” на бројот на пријавени случаи.

Кои се научниците што ја направија вакцината против корона: Деца на турски доселеници, на денот на свадбата работеле во лабораторија

Минатата недела, „Фајзер“ и „БиоНТех“ соопштија дека ефикасноста на нивната вакцина против коронавирусот е над 90 проценти, врз основа на резултати од 43.500 волонтери кои учествувале во тестирањето.

Ефикасноста на вакцината е значително поголема отколку што очекуваа научниците, поради што извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла ова откритие го нарече „големо за човештвото и науката”.

За вакцината сè уште има предизвици пред да стигне до населението, меѓутоа се претпоставува дека вакцината треба да биде во употреба пред крајот на годинава.

– Оваа зима ќе биде тешка. Затоа нема да забележиме многу придобивки од вакцината до пролет. Ако сè оди според планот, ќе започнеме со испорака на вакцината до крајот на годината и почетокот на 2021 година. Нашата цел е да испорачаме над 300 милиони дози до април, а потоа ефектот веќе ќе почне да се чувствува, изјави Шахин за „Би-Би-Си“.

Шахин додаде дека е „апсолутно неопходно” да се заврши имунизацијата на човештвото пред следната есен.

– Сигурен сум дека тоа ќе се случи, бидејќи бројни фармацевтски компании ни помагаат да испорачаме кога ќе дојде време, за да можеме да имаме нормална следна зима, заклучи Шахин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот