Руски истражувачки центар „Вектор“: Откриени над 80 мутации на ковид-19, но не влијаат врз развиената вакцина

Фото: EPA-EFE/RDIF HANDOUT NO RESTRICTIONS, ALLOW TO USE IN SOCIAL NETWORK HANDOUT

Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор” откри повеќе од 80 мутации на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на тој центар, Ринат Маскјутов, но додаде дека тие не влијаат на ефикасноста на развиената вакцина, пренесува агенцијата ТАСС.

– Центарот „Вектор“ дополнително спроведува обемни студии за генетската варијабилност на новиот коронавирус во сите руски региони, рече тој на 17. годишен состанок на Меѓународниот клуб за дискусии „Валдаи“.

Маскјутов додаде дека досега се откриени повеќе од 80 замени на нуклеотиди, што не се вклучени во меѓународните бази на податоци.

– Но, овие промени не се критични и не влијаат на ефекасноста на пептидите на развиената вакцина, рече директорот на центарот при Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето.

Русија на 11 август објави дека ја регистрирала вакцината против коронавирус „Спутник V“ што ја разви Центарот за истражување „Гамалеја“ при Министерството за здравство и дека клиничките испитувања биле успешно завршени во јуни и јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот