Фаучи: И вакцината на „Модерна“ може да биде со одлични резултати

Зграда на фирмата Модерна/ Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека тестирањата на вакцината против ковид-19 на компанијата „Модерна” може да дадат одлични резултати

„Модерна” наскоро ќе започне со проценка и анализа на податоците од третата тест фаза на вакцината против коронавирус.

Фаучи рече дека нема да биде изненаден ако резултатите од тестовите се слични по ефикасност на вакцините на компаниите „Фајзер” и „Бионтек”, пренесува „Фајненшл тајмс”.

– Ни беше речено дека во следните неколку дена треба да ги добијат резултатите до кои дојдоа во „Фајзер”, рече тој.

Фаучи, кој го предводи Националниот институт за инфективни болести, рече дека не очекувал толку добри резултати од вакцините на „Фајзер” и „Бионтек”.

Тој додаде дека иако резултатите во однос на развојот и производството на вакцина се охрабрувачки, човештвото е сè уште многу далеку од победа над вирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот