Русија планира да произведува лиофилизирана вакцина Спутник V

Фото: EPA

Русија планира до пролет да произведе замрзнати лиофилизирани (суви) вакцини Спутник V, со што ќе се елиминира проблемот со транспортот на ултра ниски температури, соопштија руските власти.

Фармацевтските компании ширум светот се обидуваат да се справат со логистичкиот проблем на комплициран транспорт на анти-ковид вакцини во специјални комори на ултра ниски температури.

Вакцините мора да се транспортираат и да се чуваат на температура од минус 70 степени Целзиусови, што е предизвик дури и за најдобро опремените болници во САД.

Процесот на лиофилизација значи дека вакцината, која е во течна состојба, се трансформира во сува, бела супстанца, која потоа се чува на температура од 2 до 8 степени Целзиусови, а непосредно пред вакцинацијата се разредува.

– Очекуваме уште од февруари во најголема мерка да биде прифатена лиофилизираната антиковид вакцина, изјави Кирил Дмитријев, првиот човек на рускиот фонд за директни инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот