„Фајзер” ќе побара дозвола за итна употреба на нејзината вакцина во САД

Фајзер/ Фото: EPA

Фармацевската компанија „Фајзер” во следните денови ќе побара дозвола за итно користење на својата вакцина против ковид-19 во САД, откако резултатите од последната фаза на студијата покажаа дека таа е ефикасна во 95 отсто од случаите и не предизвикува сериозни несакани ефекти.

Компанијата во следните неколку дена ќе аплицира за дозвола за итни случаи и очекува Комитетот за вакцини при Управата за храна и лекови на јавна седница да ги разгледа резултатите, најверојатно во декември.

Извор запознат со ситуацијата тврди дека Управата за храна и лекови планира состанокот да се оддржи меѓу 8 и 10 декември, иако може да дојде до промена на датумот.

Британските медиуми наведуваат дека Управата за храна и лекови одбива да ги коментира наводите.

Претходно, денеска, „Фајзер” соопшти дека 170 од 43.000 волонтери кои учествувале во студијата се заразиле со коронавирусот, од кои 162 случаја примале плацебо или редовни инјекции со солен раствор, додека осум случаи биле потврдени кај учесниците кои примиле вакцина.

– Тоа значи дека вакцината е ефикасна во 95 проценти, соопштија од „Фајзер”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот