„Телеграф“: Вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ ќе чини меѓу три и четири долари

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Вакцината против ковид-19, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека”, ќе биде за цел свет, бидејќи ќе чини меѓу три и четири долари, објави британски „Телеграф”.

– Оксфордската вакцина е вакцина за целиот свет. Додека „Фајзер“ и „Модерна“ објавија дека успешно ја завршиле три фази на тестирања, британскиот тим првично потенцира дека нивната цел е да го направат нивниот производ достапен на целата планета. Не станува збор само за вакцина која ќе може да се транспортира и чува на нормални температури, туку и да биде достапна за секого, пишува „Телеграф”.

Целта што беше поставена од научниците од Оксфорд и на „Астра Зенека” е вакцината да биде достапна за посиромашните земји во светот, се додава во текстот.

– По цена од само три до четири долари по доза, вакцината на Оксфорд е само мал дел од цената на вакцината „Фајзер“ и „Модерна“ што ќе се продава од 20 до 32 долари, што е скапо за многу земји во развој, стои во текстот на „Телеграф”.

Директорот на тимот што ја направи вакцината во Оксфорд, Ендру Полард вели дека тие направиле „вакцина за светот”.

– Нашата цел беше да ја направиме вакцината достапна насекаде. Мислам дека успеавме да го сториме тоа. Ова се многу возбудливи периоди за здравјето на луѓето, рече Полард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот