Фото: EPA/FRANCIS CHUNG

Инфантино: Трамп повтори дека Иран е добредојден да игра на Светското првенство 2026

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека репрезентацијата на Иран е добредојдена да учествува на Светското првенство (11 јуни – 19 јули 2026 година), и покрај моменталните тензии.

Инфантино изјави дека се сретнал со Трамп во среда и дека за време на разговорот разговарале за учеството на Иран на турнирот што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, објави „Гардијан“.

Според него, Трамп нагласил дека иранскиот тим „секако е добредојден“ да се натпреварува.

Иран веќе се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година и се очекува да одигра три натпревари од групната фаза во Лос Анџелес и Сиетл, но неговото учество е доведено во прашање во последните недели поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран.

Инфантино изјави дека на светот му е потребен настан како Светското првенство што може да ги зближи луѓето, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател за неговата поддршка.

Иран на Мундијалот се наоѓа во Групата Г со селекциите на Белгија, Египет и Нов Зеланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот