Имате ли доволно залихи на тоалетна хартија? Потрошувачите повторно „во паника“

Ваквата потрошувачка за одредени производи беше забележана и во земјите од западот на почетокот од пандемијата, а останаа запамтени и сликите од Велика Британија каде луѓето за тоалетна хартија чекаа во редови.

Синџирите супермаркети во Австралија денеска повторно го ограничија купувањето на одредени артикли поради зголемена побарувачка предизвикана од порастот на бројот на заразени од корона вирусот во тамошната држава Викторија.

Стравувајќи од нова забрана за напуштање на домовите, потрошувачите панично купуваат тоалетна хартија и други артикли, па големите синџири супермаркети како што се „Вулвортс“ и „Коулс“ го ограничија купувањето на тоалетна хартија на едно или најмногу две пакувања по лице, пренесува „Ројтерс“.

Поради тоа, исто како и кога изби корона вирусот во Австралија, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се видат празни рафтови.

Во Австралија до сега регистрирани се вкупно 7.500 случаи со корона вирусот и 104 смртни случаи, па беше донесена одлука за ублажување на мерките за ограничување на движењето, нодвоцифрениот дневен пораст на заразени во Викторија забележан неколку дена по ред доведе до успорување на повторно отворање на економските активности во оваа сојузна држава, а потрошувачите повторно почнаа да прават залихи од одредени производи.

Овој тренд потоа се прошири и на остатокот на земјата, па „Вулвортс“ одлучи да нарача дополнителни 650.000 пакувања тоалетна хартија, или 30 отсто повеќе од вообичаените количини.

Ваквата потрошувачка за одредени производи беше забележана и во земјите од западот на почетокот од пандемијата, а останаа запамтени и сликите од Велика Британија каде луѓето за тоалетна хартија чекаа во редови.

Поради зголемената потрошувачка на тоалетна хартија откако се прошири вирусот корона земјата ангажирала „IT“ експерти па еден досетлив програмер изработил „пилот проект“ Калкулатор за тоалетна хартија, кој врз основа на внесените количини и зачестеноста на празнењата на цревата пресметува колку ќе ви траат залихите кои сте ги купиле од супермаркетите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот