Јован Јованов - Фото: Инстаграм/ЈованЈованов

Имаше тепачка на естрадата: Јован Јованов откри зошто си замина од Македонија

Јован Јованов искрено кажа зошто пред 12 години, си заминал од Македонија.
Познатиот композитор и продуцент, кој со години диктираше голем дел од трендовите на домашната музичка сцена, донесе неочекувана одлука засекогаш да ја напушти Македонија и да започне нов живот, прво во САД, па во Канада.

Оваа негова ненадејна одлука предизвика бројни шпекулации во јавноста, особено поради фактот што неговото заминување коинцидира со актуелниот скандал околу наводното местење на гласовите на „Скопски фестивал“, а тој беше еден од осомничените.

Сепак, во своето последно гостување во поткастот „Равенка за успех“, Јованов отворено зборува за вистинските мотиви зад неговото преселување.
Иако во Македонија уживаше статус на еден од највисоко котираните продуценти, со сопствено студио, продуцентска куќа и менаџерски позиции, Јованов признава дека притисокот во естрадниот бизнис си го зеле својот данок.

„Знаеш како ми беше? Малце досадно“, вели Јованов во поткастот. „Дали дека од мал почнав да се занимавам со ова… имав студио, имав продуцентска куќа, бев менаџер… И некако си го изгубив она уметничкото кај мене едно време, бидејќи сè почна да се базира на бизнис.“

Тој објаснува дека естрадата во Македонија барала постојан ангажман и нервози кои веќе не сакал да ги поднесува.

„Единствена важна работа за естрадата беше тепачка кој каде ќе оди. Постојано имаше некои несогласувања — те со еден, те со друг… Кој губи има правото да се лути“, рече Јованов мислејќи на тој Избор за Евровизија кога победи Јован Јованов.

Иако за јавноста неговото заминување изгледаше како шок бидејќи „сè му беше сервирано на тацна“ и беше на самиот врв, Јованов потенцира дека желбата да се ресетира и повторно да ја пронајде уметноста во себе, далеку од бизнис калкулациите, била пресудна за неговиот нов почеток во Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот