Фото: Инстаграм

ФОТО | Има 19 години и веќе го освојува светот: Жените ширум светот се целосно „луди“ по синот на Хајди Клум

Од деведесеттите години, Хајди Клум се смета за еден од омилените топ модели на светските модни писти. Позната по своите долги нозе и платинесто-руса коса, убавата Германка сè уште може да се види на многу важни модни ревии денес, но во малку поинаква улога од порано.

Имено, Хајди сега најчесто ги следи овие престижни настани од првите редови, од каде што ги поддржува своите наследници, ќерката Лени и синот Хенри Самуел.

И покрај фактот дека младата Лени неодоливо личи на својата позната мајка, таа се соочи со низа негативни критики откако одлучи да се занимава со манекенство.

Многумина коментираат дека таа е таму каде што е само благодарение на популарноста и парите на нејзината мајка и ја нарекуваат „уште едно безвредно „бебе“ во морето“.

Сепак, кога станува збор за нејзиниот помлад брат Самуел, впечатоците се малку поинакви. 19-годишниот син на Клум неодамна реши да се обиде во манекенството, а критичарите велат дека е создаден за оваа работа.

На почетокот на оваа година, тој го имаше своето деби на Модната недела во Париз, носејќи смели, но елегантни парчиња од колекцијата висока мода на брендот „Лена Ерзаик“. Тогаш, синот на Хајди Клум и пејачот Сил го шармираше светот, неодамна се фотографираше за насловната страница на списанието „Hunger“, а жените ширум светот се целосно „маѓепсани“ од него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HUNGER Magazine (@hungermagazine)

За гореспоменатата насловна страница, младиот Хенри позираше во раскопчана јакна без ништо под неа, а неговото извајано тело стана главна тема на социјалните мрежи.

– Хенри, многу си убав, исто како твојата прекрасна мајка – беше еден од многуте позитивни коментари што се наредија под фотографијата на младиот модел.

Сепак, имаше и такви што нагласија дека, иако згоден и убав, Хенри воопшто не личи на Хајди, туку е копија на неговиот татко Сил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот