Илијоски: „Финале“ против Шкупи, а влогот е Европа!

Фото: ФК Работнички

Во последните 90 минути, влогот е огромен, а составот на Баже Лазаревски сака да го задржи четвртото место кое води во квалификациите за Лигата на Европа.

Со триумф над Шкупи, па дури и нерешен резултат, европскиот сон ќе стане реалност. Капитенот Баже Илијоски вели дека последниот првенствен меч е големо ’финале’ за Работнички.

– Нè очекува вистинско „финале“, многу важен натпревар против Шкупи. Влогот е излез во Европа, а противникот исто така се надева дека ќе успее да ја оствари целта. Ќе биде тешко, неизвесно, го знаеме тоа. Го респектираме и противникот, но подготвени сме за голема борба. Ќе играме на домашен терен и ќе сториме сè за да стигнеме до позитивен резултат, кој ќе не одведе во Лигата на Европа. Веруваме во успех – рече фудбалерот на Работнички, Баже Илијоски.

Во еден момент помислија „романтичарите“ дека шансите се загубени, сега повторно имаат сè во свои раце и ќе се обидат тоа да го искористат.

Мечот меѓу Работнички и Шкупи ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот