Романтично во Струмица, „лавовите“ остануваат во елитата

Фото: ФК Работнички

Вардар уште еднаш оваа сезона докажа е подобар противник од Победа во нашиот најсилен фудбалски шампионат, дома со убедливи 6:0 ја преслуша прилепската екипа.

Четири голови реализирани во првото полувреме, двапати стрелаше Попзлатанов, по еднаш Мицевски и Колевски. На стартот од вториот дел Попзлатанов го комплетираше својот хет-трик, а Бразилецот Фелипе го потврди 17. триумф на „црвено-црните“ кои со овие три бода го обезбедија второто место на табелата.

Тоа доаѓа после поразот на Академија Пандев во Тетово од Шкендија која беше подобра 4:1 и во шампионска атмосфера ја славеше новата титула со своите верни навивачи.

Најпрвин со еден прекрасен гол на Зејнулаи поведе домашниот тим, зголеми Тотре, па една минута подоцна намали Иванов. Жуниор во 67. минута се погрижи за 4:1, а Зејнулаи имаше и втор погодок во 84. минута од средбата.

Фото: KF SHKENDIJA – FACEBOOK

Работнички со гостинската победа над Беласица (0:1) не само што обезбеди опстанок, туку и ги одржува шансите за излез во Европа. Херој на „романтичарите“ беше Ацковски кој стрелаше во 38. минута, претходно Себастијан Херера фантастично проби по левата страна.

Четвртата позиција може да му донесе на Работнички учество на меѓународната сцена доколку Академија Пандев го освои Купот на Македонија в среда.

Македонија ЃП со головите на Тантуровски и Кировски на дуелот против Силекс им донесе радост на своите навивачи кога станува збор околу опстанокот.

Остануваат само теоретски шанси за тимот од Кратово, но се поизвесно е дека ќе игра бараж за опстанок со подобриот од мечот Лабуништа-Тиквеш.

Прва македонска фудбалска лига

Денеска, резултати:

Шкупи-Ренова 2:2
Беласица-Работнички 0:1
Македонија ЃП-Силекс 2:0
Вардар-Победа 6:0
Шкендија-Академија Пандев 4:1

Табела:

1.Шкендија 79 бодови
2.Вардар 63
3.Академија Пандев 57
4.Работнички 46
5.Шкупи 45
6.Ренова 44
7.Македонија ЃП 44
8.Силекс 41
9.Беласица 38
10.Победа 23

Последно коло (26.05), двојки: Ренова-Шкендија, Академија Пандев-Вардар, Победа-Македонија ЃП, Силекс-Беласица, Работнички-Шкупи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот