Фото: Игор Стефановски - Иџе со моделот Ferrari 488 Челинџ

Игор Стефановски ја стартува новата европска сезона и одбележува јубилеј – 25 години на тркачките патеки

Игор Стефановски Иџе викендов од Австрија ја стартува новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), најпрестижното натпреварување во оваа дисциплина. Стартот е на легендарната патека Рекберг, каде македонскиот ас влегува со дополнителен мотив, одбележува 25 години тркачка кариера.

Трикратниот европски шампион продолжува да испишува историја, овојпат поради јубилејот, со нова енергија, брзина и амбиција. „Летечкиот Македонец” ќе се соочи со силна конкуренција – повеќе од 250 возачи во шампионат кој годинава брои 10 трки низ Европа.

Сезоната стартува со тренинзи во сабота, а кулминира со трките во недела (26 април), додека завршницата на шампионатот и годинава е планирана во Хрватска, во септември.

По двете успешни сезони, Иџе соработката со Ферари ја продолжува и оваа година. Ќе настапува со моделот Ferrari 488 Челинџ специјално подготвен „ѕвер” за ридски патеки.

– Со силна возбуда ја очекувам првата трка. Оваа сезона е посебна, 25 години на патеката се голем мотив да дадеме максимум. Очекувам одлични резултати и силен шампионат. Благодарност до мојот тим, до Ферари, до спонзорите-постоечките и новите, како и до сите што ни даваат поддршка – изјави Стефановски.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот