ИФО: Одлична идејата на Меркел и Макрон за опоравување на ЕУ

Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Овие средства претставуваат дополнителна вредност кој ги надминува програмите на поединечните земји членки на ЕУ.

Претседателот на ИФО институтот Клеменс Фуест ја поздрави денеска иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел за формирање на фонд од 500 милијарди евра за помош на европските економии најпогодени од коронакризата.

– Одлично е што Германија и Франција претставија заедно предлог како ЕУ треба да реагира на кризата предизвикана од коронавирусот. Основањето на европскиот фонд за поттикнување на економското опоравување е важен знак за европската солидарнсот и нејзините способности за преземање акции – рече Фуест во Минхен.

Според неговото мислење, овие средства претставуваат дополнителна вредност кој ги надминува програмите на поединечните земји членки на ЕУ.

– Оваа дополнителна вредност може да биде во форма на поголема извесност и стабилност. На цела Европа во интерес и е да им помогне на оние земји кои се најтешко погодени од кризата. Покрај тоа, постои голема побарувачка за вложувања во прекуграничната инфраструктура, како што се транспортните и комуникациските мрежи, наведе Фуест.

Клучните аспекти на фондот, вели, се неговото финансирање по пат на долг од еднократен настан и што постои план за отплата.

– Отплатата би требало да тргне тогаш кога економијата ќе се опорави. По неопходното зголемување на државниот долг за време на коронакризата, Европа мора да има кредибилен план за намалување на долгот во БДП, заклучи претседателот на ИФО институтот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот