Идеја за денешниот ручек – Направете си полнети компири

Фото: Профимедиа

Ви нудиме одлична идеја за денешниот ручек…

 

Состојки:

1 главица кромид

1 морков

500 грама мелено месо

200 грама кечап

зачини по желба

1 килограм компири

100 грама кашкавал

 

Подготовка:

Компирите убаво измијте ги и пресечете ги на половина. Издлабете им ја внатрешноста за да можете на тоа место да наполните мелено месо и потопете ги во ладна вода.

Потоа, во тава со малку масло се ставаат исечканиот кромид и морков и се пропржуваат. Во нив се додава меленото месо и се убаво се промешува. Се додаваат зачините и откако тоа ќе биде готово во него се додава внатрешноста од компирите и се убаво се промешува. На крај се додава и кечапот.

Подготвените компири се полнат со добиената смеса и се редат во таваче и  се печат во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 40 минути.

Кога компирот ќе биде скоро готов, одозгора врз меленото месо се става кашкавалот и повторно компирот се става во рерна за да се допече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот